header silder
header silder
header silder
header silder

                                                   


 

  1. 1.    Што представува Фирма Партнер на СЦНет Македонија?

Фирма Партнер е правно лице кое има Договор за соработка со СЦНет Македонија доо Скопје преку кој овозможува поволности-попусти на членовите на СЦНет системот.

  1. 2.    Дали соработката со СЦНет е бесплатна?

Да, соработката е без никакви трошоци за Фирмата Партнер, без надоместоци за одржување, чланарини или било какви други трошоци. Единствен услов е да во продажниот објект имате читач на платежни картички (ПОС терминал).

  1. 3.    Што добивате како Фирмата Партнер на СЦНет Македонија?

Добивате бесплатна реклама преку нашите канали за комуникација, добивате зголемен број на лојални потрошувачи и зголемен промет.

  1. 4.    Како да станете наша Фирма Партнер?

Едноставно. Испратете ни пополнет Прашалник за Фирми Партнери. Ние го подготвуваме и Ви го испраќаме Договорот за Фирми Партнери.

  1. 5.    Како функционира реализацијата на попустите?

Многу едноставно. Согласно прометот на членовите на СЦНет остварен со нашите платежни картички, Фирмата Партнер добива фактура на предходно одобрениот попуст. Значи ако и кога СЦНет потрошувачите направат промет кај Вас, Вие на СЦНет Македонија го плаќате износот на попустот. На пример: Вие согласно договорот на членовите на СЦНет сте одобриле попуст од 5%. Во текот на еден месец нашите потрошувачи кај Вас направиле вкупен промет од да речеме 100.000 денари преку нашите платежни картички. Вие добивате фактура на одобрениот попуст т.е. на 5000 +ддв.

  1. 6.    Дали постои можност да Фирмата Партнер оствари дополнителна заработка?

Да. Доколку како наш потрошувач се регистрира сопственикот или самото правно лице, постои можност да од членовите кои Вие сте ги препорачале заработите дополнителни средства од целокупната нивна потрошувачка во Фирмите Партнери, како од потрошувачката во Вашата Фирма, така и од потрошувачката во сите други наши Фирми Партнери.

 

Доколку имате било какви дополнителни прашања, обратете се на нашите контакти:

e-mail: info@scnetmakedonija.com

Тел: 02/3 10 10 20

Моб: 076/309 409

 

Добродојдовте и Ви посакуваме многу многу успех!


working Вчитување, Ве молиме почекајте